Доживејте незаборавна Велигденска авантура во еден од најатрактивните градови во Италија и Европа - Милано, град кој ги спојува историјата,модата и културата.
Нашата авантура започнува со посета на величествениот замок "Castello Sforzesco" , симбол на богатото културно наследство, а продолжува кон централниот "Piazza Di Duomo" каде младите ќе ја почуствуваат вистинската атмосфера на градот.
Следи прошетка низ елегантната" Galleria Vittorio Emanuele II" , совршено место за шопинг, фотографии и дружење. Како дел од програмата е вклучена и екскурзија до магичното езеро Комо познато по својата природна убавина и роамнтична атмосфера. За љубителите на мода следи шопинг авантура во "PalmaNova outlet village" со одлични попусти на светски брендови. Турата е наменета за сите средношколци и нуди совршен баланс помеѓу запознавање, забава и релаксација.
Учесниците ќе имаат можност да создадат нови проијателства, да ја запознаат Европската култура и да се вратат дома со незаборавни искуства.
Вондер Камп создава патувања кои стануваат спомени за цел живот.
09.04-13.04.2026
Милано - Италија
B & B Групација Хотели
269 еур.
2.5 еур. по лице од ден.
До пополнување на местата.
Цената Вклучува:
- 2 ноќевања во хотел со 3*
- појадок
- водич на турата
- прошетка на Милано со водич
- автобуски превоз Скопје - Милано - Скопје
- медицинско лице достапно во текот на целата тура
- Посета на на Палма Нова (еден од најатрактивните и најголемите оутлети во Италија)
Цената не вклучува:
- факултативни излети
- туристичка такса
- патничко осигурување ( се вади во агенција)
- лични трошоци
Собирање на групата и поаѓање од Скопје
Пристигнување во Милано
Детална прошетка низ Милано со водич
Сместување во хотел и одмор
Слободно за шопинг и јадење во Милано
Ноќевање во хотел
Појадок
Поаѓање на факултативна прошетка во Комо
Пристигнвуање во Комо и детална прошетка на Комо со водич
Слободно време за ручек и шопинг во Комо
Поаѓање кон хотел
Пристигнување во хотел и ноќевање
Појадок
Одјавување од хотел и поаѓање кон Македонија
Попатно застанување во еден од најатрактивните оутлети во Италија Палма Нова
Cлободно време за шопинг
Cобирање на групата и поагање кон Македонија
Пристигнување во Македонија
Превозот е со високо туристички автобуски и е организиран од страна на кампот. Превозот е вклучен во цената.
Слободен паркинг