banner-image

Протоколи за безбедно патување

Патувајте Безбедно со Вондер Камп!

Здраво кампери,

Знаеме дека едвај чекате да излезете и да го истражувате светот штом ќе биде сигурно, и сакаме да ве увериме дека НИЕ работевме напорно за да ВИЕ бидете смирени и безбедни кога ќе дојде времето да тргнете на вашата следна летна авантура.  

Тоа е она време од годината ... време кога најчесто почнувате да ги пратите постовите за најдобите летни дестинации кои треба да ги посетите во 2021. Но оваа година изгледа сосема поинаку. Затоа наместо да се прашувате КАДЕ ќе патувате ова лето, одвојте момент и размислете КАКО ќе патуваме. Светот се менува, па така се менуваат и трендовите на летните кампови. 

Нашите нови протоколи за безбедно патување се имплементирани со цел да ви помогнат да се чувствувате сигурно и да останете здрави во текот на вашето летно патување од соништата. Освен тоа, Вондер Камп го доби печатот за безбедно патување издаден од Светскиот Совет за Патување и Туризам, со што потврдуваме дека ги имаме усвоено глобалните стандардизирани протоколи за здравје и хигиена. Погледнете ги и ќе патуваме повторно заедно! 

Протоколи за безбедност и здравје

Безбедноста на нашиот тим, камперите, инструкторите, добавувачите и поширокото општество остануваат наш основен приоритет и секое враќање во активност ќе биде спроведено на одговорен и безбедносен начин. Нашите кампови ќе бидат организирани на дестинации каде локалната власт ќе одобри и ќе ја потврди безбедноста за групни активности.

1. Социјална дистанца

Потребно е во секое време да се почитуваат препораките за држење дистанца дадени од локалната власт. Ние ќе ја прилагодиме програмата на патувањето со цел да помогнеме во одржување на потребното растојание (пр. организирање пикник на отворено отколку посета на преполни шопинг центри, промена на рутата со цел избегнување гужва и сл.). Ќе посетиме дестинации каде има помалку гужва и ќе обезбедиме можност за користење на еднокреветна соба за камперите кои нема да сакаат да делат соба.

2. Носење маска/марама

Вондер Тимот ги следи препораките од локалните здравствени власти на дестинацијата каде патуваме. Ги советуваме нашите кампери да носат маска на патувањето, но доколку заборават ќе добијат резервна маска од нашиот тим.

3. Санитарни услови на сместувачките капацитети

Ги ревидираме сите хотели и апартмани со кои работиме, и од нив бараме да ги почитуваат и да ни ги објаснат протоколите за чистење и санитарните услови.

4. Избрани ресторани

Каде е соодветно, во програмата вклучуваме исхрана на отворено место, како на пример пикник. Доколку посетуваме ресторан, секоја група ќе добие своја одделна маса.  

5. Превоз

Нашиот тим препорачува да користите приватен транспорт каде што е возможно. Превозните компании ќе ги прилагодат капацитетите согласно препораките на локалните власти и превозното средство ќе биде целосно дезинфицирано и исчистено измеѓу турите. 

Кога не е возможно да се избегне јавниот превоз, ќе се следат упатствата и препораките за носење маска и држење растојание, и ќе се користат средства за дезинфекција пред влез и по излез од превозното средство.

6. Избрани партнери за логистика

Имаме долгорочни и доверливи односи со нашите партнери во организацијата на камповите за деца и тинејџери. Сите тие се придржуваат до заштитните мерки и ги почитуваат нашите протоколи за безбедно патување.

7. Вондер Супер Тим

Здравјето на нашите кампери е наш приоритет!. Тимот на Вондер ќе обезбеди средства за дезинфекција на рацете, резервни маски и ќе води сметка туристичките дестинации да се посетуваат во време кога има најмалку гужва.

Тимот на Вондер е обучен и информиран во следниве области пред реализирање на Камповите: 

  • Процесите на справување со COVID-19 
  • Локациите на болниците и местата за тестирање за секоја дестинација 
  • Одржување на брифинг за безбедно патување пред почетокот на кампот


Еден одмор - милион спомени!

Се гледаме наскоро!